Ѓоковиќ и Вавринка лесно до 2. коло во Синсинати

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на АТП турнирот во Синсинати.

Ѓоковиќ синоќа без поголеми проблеми славеше против домашниот тенисер Стив Џонсон со 6-4,7-6.

Нешто претходно победа запиша и швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка кој во три сета, со 6-2,4-6,6-3 беше подобар од Диего Шварцман.

Се вчитува...