„Ѓоковиќ има 500 милиони, а јас не можев ни стан да си купам“

Поранешниот италијански тенисер, Никола Пјетранџели зборуваше за случувањата во модерниот тенис.

Тој вели дека голема е разликата меѓу заработувачката некогаш и сега. Во моментов Ѓоковиќ како најдобар тенисер има само од турнир освоено околу пола милијарда долар, додека во негово време тоа било многу поразлично.

„На крајот на педесетите и почетокот на шеесетите години освоив околу 44 турнири, од кои четири пати Ролан Гарос. Со наградите кои ги добивав не можев да купам ниту мал стан. Тенисерите денеска за освоен гранд-слем добиваат по два и пол милиони долари. Е тука се лутам. Ѓоковиќ има на пример 500 милиони долари и понатаму излегува и игра финале под стрес. Моменталната ситуација е дека тенисот е игра на нерви за милијарди“, изјави Пјетранџели. 

Се вчитува...