„Ѓоковиќ има дар што не е од овој свет, како Новак на пет години се запозна со жената што му го смени животот“

Новак Ѓоковиќ продолжува да испишува тениска историја, па без оглед на вчерашниот пораз во финалето на Вимблдон тој останува најтрофеен светски тенисер по бројот на гранслем-пехари во својата професионална кариера.

Интересно видео беше објавено вчера на социјалните мрежи, во кое српскиот новинар Александар Гајшек како гостин на шоуто на Иван Ивановиќ говореше и за почетоците на Ѓоковиќ, потсетувајќи се на разговорите што ги има водено со Јелена Генчиќ, прославената тренерка која е најзаслужна за височините што Новак ги достигна во својата кариера.

Меѓу другото, таа уште кога Ѓоковиќ имала пет години пред колеги тренери изјавувала дека гледаат иден гранслем шампион, а за Новак има коментирано дека поседува дар што не е од овој свет.

Дефинитивно, видео што треба да се погледне, кое многу кажува за фокусот и мотивираноста на Новак Ѓоковиќ, уште од најрано детство со јасна цел да успее во светот на тенисот.

Се вчитува...