Ѓоковиќ: Имам добри шанси за „златен слем“

Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето од УС Опен откако славеше над јапонскиот тенисер Кеи Нишикори со 3-1. За српскиот ас ова беше најтежок меч на УС Опен досега во кој противникот успеа да победе во првиот сет.

„Тешка борба. Најтежок меч за мене на турнирот досега. На првите два меча се осеќав добро, но брзината на топките на Нишикори едноставно беше многу поголема. Тој играше сјајно, не ми даваше многу време и ме форсираше за излезам од мојата конфорт зона. Но, кога се адаптирав се осеќав се подобро. Во секој случај тоа беше високо ниво на тенис. Вложив многу труд за да стигнам до победа и мило ми е бидејќи е задоволство да излезеш на терен со играч кој игра многу добро“, изјави по мечот Србинот.

Ѓоковиќ е на прагот да ги соедини сите титули од големите турнири во една календарска година по триумфите на Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон, а верува дека може да стигне до тој учиниок.

„Можам да се замислам себе си како победувам на секој грен слем на кој учествувам. Имав среќа да имам многу успеси, 20 титули, но и многу финални и полуфинални натпревари. Кога оваа година го освоив Ролан Гарос на сличен начин како тој во 2016 година имав слично чувство како тогаш. По тој следеше Вилмбдон каде знаев дека имам добри шанси на трева, а по Вимблдон сум тука и имам добри шанси, но мора да одам меч по меч“, додаде Ѓоковиќ.

Се вчитува...