Ѓоковиќ: Имам само една желба, физички да издржам и да го дадам најдоброто од себе за уште една радост на мојата нација!

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ потврди дека ќе учествува на Олимписките игри во Токио. Србинот оваа година триумфираше на Австралија опен, Ролан Гарос и Вимблдон.

По триумфот во Лондон, тој изјави дека се двоуми дали да учествува на Олимписките игри, со оглед на бројните ограничувања во Токио, сепак, на крај донесе одлука со која ја израдува Србија и сите фанови на тенисот.

„Многу сум горд што ќе бидам дел од ОИ во Токио, среќен сум што се приклучив на нашата репрезентација и ќе бидам дел од борбата за освојвуање на медали. За мене, настапите за Србија отсекогаш била посебна радост и мотивација и ќе дадам се од себе да ги направам среќни сите“, напиша Новак.

Ѓоковиќ најголемиот успех го постигна на олимписките турнири во 2008 година, кога освои бронза. Инаку, тенискиот турнир во Токио започнува на 24 јули. Потсетуваме, Рафаел Надал и Роџер Федерер нема да учествуваат на овие игри.

 

 

 

 

Се вчитува...