„Ѓоковиќ имаше добра намера, Кирјос не го почитувам како човек“

Поранешната британска тенисерка, Анабел Крофт застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ и упати остри критики за Ник Кирјос. Британката говореше за нападите на Кирјос на колегите, поради според неговото мислење неодговорно однесување.

„Тој зазема позиција на морален човек, но јас би кажала дека тој е неверојатно безобразен и злобен према поголемиот дел од колегите. Тој редовно изминатиот период ги напаѓаше Ѓоковиќ и Тим, а неодамна видов како го нарекува Борна Чориќ малоумен и најдосаден тенисер за гледање. Јас него не го почитувам како човек, поради тоа како се однесува на теренот. Затоа тешко ми е да го слушам кога зборува. За „Адриа тур“, Новак сакаше да направи исправна работа. Сакаше да го врати тенисот пред публика и тогаш во Србија немаше многу случаи на коронавирус. Лошото беше што правеа забави и тоа донесе да има многу заразени тенисери, меѓу кои тој и неговата сопруга“, изјави Крофт. 

Ник Кирјос го откажа учеството на УС опен, а Новак Ѓоковиќ се очекува на терените да се врати на Синсинати мастерсот кој годинава поради пандемијата од Ковид-19 ќе се игра во Њујорк, а се очекува да биде дел и од „Флешинг Мидуос“.

Се вчитува...