Ѓоковиќ исфрустриран – Зверев е новиот „крал“ во Лондон

Александар Зверев е новиот првак на АТП шампионатот во Лондон откако младиот Германец во големото финале го совлада Новак Ѓоковиќ со 2-0 во сетови. Само 24 часа по големата победа над Федерер во полуфиналето, Зверев одигра уште еден фантастичен натпревар, со трпелива игра без неизнудени грешки исфрлајќи го од ритам првиот носител, кому на крај не му преостана ништо друго освен да му честита на денеска поквалитетниот противник.

Мечот беше израмнет до 4-4, а потоа Зверев кога беше најважно направи брејк и го доби првиот сет со 6-4. Следеше брејк на самиот старт од вториот сет, Ѓоковиќ возврати со рибрејк, но веднаш потоа исфрустрираниот српски тенисер повторно го загуби сопствениот сервис. Германскиот ас немаше намера уште еднаш да му дозволи на противникот да се врати, сервираше без грешка до крајот, па во самиот финиш со нов брејк славеше со конечни 6-3.

Работата со Иван Лендл дефинитивно дава резултат кај Зверев, додека кај Ѓоковиќ и покрај одличната игра дефинитивно има простор за напредок, по второто загубено финале во серија (по она во Париз од Хачанов).

Се вчитува...