Новак Ѓоковиќ веќе е апсолутен тениски рекордер со 24 гранслем титули, српскиот тенисер ќе се обиде да стигне до трофејот број 25 на претстојното издание на Ролан Гарос, но Новак е искрен во изјавите пред овој турнир откривајќи дека не се чувствува најдобро на физички план.
Тој се мачеше со повреди во последните месеци, неодамна се врати и експресно беше елиминиран во Рим, што секако влијае врз неговата самодоверба пред настапот на францускиот гранслем турнир.
„Искрено, се чувствувам исфрустрирано. Во исто време, одлучив да настапам на Ролан Гарос во оваа состојба. Гледам што ми недостига, речиси при секој удар доцнам половина чекор. Дефинитивно не сум на нивото на кое што сакаме да бидам, а во ваков ритам тешко дека ќе стигнам далеку на Ролан Гарос. Тренирам напорно, колку што ќе ми дозволи телото. Не се сеќавам кога последен пат сум отпатувал на силен турнир без да имам било какви физички или здравствени проблеми. Секогаш нешто ми се случува, но тоа е некоја нова реалност со која морам да се носам“, разочарано изјави Новак Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
