Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му испрати силна порака на Никола Јокиќ, која официјално е објавена и од Денвер Нагетс.
Ѓоковиќ има можност да ја освои својата јубилејна 100-та титула денеска на АТП турнирот во Женева, па и покрај обврските, најде време да му се обрати на Јокиќ. Српскиот центар ја имаше најдобрата сезона во НБА откако се приклучи на Нагетсите, кога станува збор за бројки.
Тој беше кандидат и за МВП титулата, но Шеј Гиџус-Александар од Оклахома сосема заслужено ја доби наградата.
Сепак, Ѓоковиќ сакаше да го поддржи и да му се заблагодари за сè што прави за овој спорт, кој самиот многу го сака.
„Никола, честитки за уште една историска сезона. Им докажа на сите дека не се во право кога велеа дека не можеш да играш подобро отколку во последните 3-4 години. Собори толку многу рекорди, испиша историја на спортот и кошарката, не само во Америка, туку и низ целиот свет. Од нашата сакана и прекрасна Србија, ти испраќаме поздрави до Денвер, се надеваме дека ќе постигнеш уште многу во годините што доаѓаат. Сè најдобро“ – се вели во пораката на Новак Ѓоковиќ.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА