Ѓоковиќ испушти сет, Серена не е толку љубезна во Мелбурн

Тоа што Денис Шаповалов му одзеде сет, само го разлути Новак Ѓоковиќ па го затвори дуелот од третото коло на Австралија Опен експресно со 6-0 во четвртиот сет. Канаѓанецот го доби третиот сет со 6-4 и го предизвика бесот на тенисерот број еден кој претходно ги доби првиот и вториот  сет со 6-3 и со 6-4 и триумфираше со 3-1 во сетови за пласман во осминафиналето на грен-слемот во Мелбурн.

Во осминафиналето, Ѓоковиќ ќе се сретне со 15. носител, Русинот Данил Медведев кој за пласман меѓу шеснаесетте најдобри забележа победа од 3-0 во сетови на Давид Гофин.

&


Серена Вилијамс не дозволува противничките да добијат ниту многу гемови, уште помалку да и одземат сет. Таа за 67 минути експресно се справи со 57. тенисерка во светот, Украинката Дајана Јастремска. Серена одигра колку што и беше потребно за триумфот од 2-0 во сетови (6-2, 6-1) и сега го чека исходот од пресметката меѓу сестра и Венус и првата тенисерка на ВТА листата, Симона Халеп, за да ја добие противничката за осминафиналето. Серена Вилијамс 15. пат во кариерата е во четвртото коло на Австралија Опен.

 

Се вчитува...