Ѓоковиќ: Исвиркувањето на публиката воопшто не беше фер

Новак Ѓоковиќ се пласираше во следното коло од УС Опен откако славеше со убедливи 3-0 (6-2, 6-3, 6-2) против холанѓанскиот тенисер Талон Грикспор со што ја продолжи потрагата по „златен слем“ по освоените турнири во Австралија, Франција и Велика Британија.

Српскиот ас по мечот не го криеше задоволството од прикажаното на теренот, но се осврна и кон исвиркувањето на публиката при неговите поени.

„Добро играв денеска, подобро отколку во првото коло. Пронајдов ритам на сервисот во многу важен момент. Знаев дека ритамот ќе биде клучен. Задоволен сум од тоа како одиграв“, изјави Ѓоковиќ кој потоа додаде:

„Кога некој кој се натпреварува во тимски спорт и гледа тенис сигурно за исвиркувањето од публиката вели ‘какво размазено детиште’. Мене вревата не ми пречи, но доколку тоа некој го прави постојано и намерно, тоа не е фер“.

Се вчитува...