Ѓоковиќ израмни уште еден рекорд на Федерер!

На денот кога пред точно десет години го шокираше Федерер на меч топка во полуфиналето на УС опен, Ѓоковиќ успеа да израмни уште еден рекорд на легендарниот Швајцарец. Тој успеа да се израмни со Федерер по бројот на гранд-слем финалиња.

Со победата на Александар Зверев, популарниот Ноле стигна до 31. гранд-слем финале во кариерата со кое се израмни со Федерер. Неговиот скор во моментов е 20-10, а во недела против Данил Медведев од Русија ќе има шанса да биде првиот тенисер кој стигнал до 21 трофеј, но и да испише историја со тоа што ќе го освои „календарскиот-слем“.

 

 

Се вчитува...