Ѓоковиќ ја објасни разликата меѓу Алкараз и Медведев

Новак Ѓоковиќ на доминантен начин со убедлива победа од 3-0 против домашниот тенисер Шелтон се најде во утрешното финале на УС Опен ќе игра против Данил Медведев.

Русинот, пак, приреди изненадување победувајќи го Карлос Алкараз, и сега ќе го повтори со Ѓоковиќ финалето од 2021 година кога славеше Медведев.

Ѓоковиќ пред утрешното финале ја објасни разликата меѓу Алкараз и Медведев…

„Можеби Медведев оваа година е малку запоставен медиумски поради нашите мечеви со Алкараз кои ги имавме оваа година. Но, Данил освои доста турнири и играше на високо ниво, триумфираше и на Мастерс турнир кој се играше на земја, што беше изненадување и за него но тоа е доказ дека напредува бидејќи е специјалист за игра на тврда подлога. Медведев и Алкараз се разликуваат и по тоа што сервисот е едно од најважните оружја во играта на Медведев. Има силен и прецизен сервис и сака да ги игра гемовите брзо и да го форсира противникот постојано да трча. Ќе биде тешко во финалето“ – вели Ѓоковиќ.

Се вчитува...