Ѓоковиќ ја откри најголемата цел за оваа година

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ како свој најголем предизвик до крајот на годната го издвои Дејвис Купот.

Ѓоковиќ вели дека со задоволство ќе ја предводи репрезентацијата на Србија во Дејвис Купот, а покрај тоа ќе учествува уште на Мастерс турнирите во Париз и во Торино.

„Следат последните сезонски предизвици. Ќе играм во Париз и Торино, но сакам да сум успешен и на финалниот турнир од Дејвис Купот кој е моја примарна цел. Во Малага ќе бидеме мотивирани и верувам дека можеме до титулата“ – вели Ѓоковиќ кој се осврнува и на битката за врвот на АТП листата со Карлос Алкараз.

„Не се оптоварувам премногу со тоа, но секако сакам да ја завршам годината на првото место. Има уште неколку недели и битката ќе биде интересна“.

Ѓоковиќ има големи шанси да ја заврши годината на врвот откако Алкараз киксираше на двата Мастерс турнири во Кина.

Се вчитува...