Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓокови откри дека сакал да ја заврши професионалната кариера во 2018 година.
Тој таа година паузираше шест месеци поради повреда на лактот, потоа играше на Австралија опен во 2018 година, но болките не поминаа. Затоа решил да замине во Швајцарија на операција. Таа сезона доживеа пад на 22. место на АТП листата и не му беше лесно да најде сила и мотив да се врати на врвот.
„Во март 2018 година го загубив првото коло на Мајами и тогаш сакав да се откажам од тенисот. Отидовме во Доминиканска Република на одмор. Жена ми Јелена играше тенис со син ми, јас гледав од страна, не сакав да се доближам до теренот. Потоа ја прашав дали можам и јас да играм, а таа ми рече не, јас и Стефан сега играме, а ти можеш подоцна. Од 22 место до првото место, тоа беше мојот најголем кам-бек во кариерата. Мора да му дадете шанса на животот и на Бога да ви ги договорат работите, да се ослободите, а потоа да победите“, заклучи Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА