Ѓоковиќ ја откри „слабата точка“ на Надал на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ вчера го освои рекордниот 36. Мастерс, откако славеше на турнирот во Рим. По мечот тој говореше и за Ролан Гарос кој годинава поради пандемијата од коронавирусот ќе се игра во тотално различни услови. Тој по турнирот говореше и за Ролан Гарос на кој и покрај титулата во Рим се уште според Србинот прв фаворит е Рафаел Надал.

„Резултатите кои ги има во Париз кажуваат се за Рафа. Тој е најголем фаворит. Но, дефинитивно Диего Шварцман покажа дека може да да го победите. Условите на кои ќе играме, тешка земја, ноќни сесии, помал отскок на топчето, се може да се случи. Тоа се работи кои не му одговараат на Рафа. Знам дека сака кога топчето високо отскокнува и условите се побрзи, па може да користи повеќе „спин“. Се на се останува прв фаворит, но ве уверувам ќе биде интересен турнир“, изјави Ѓоковиќ. 

Последниот грен-слем за годинава стартува на 27. септември.

Се вчитува...