Ѓоковиќ ја отвори душата: Не ме сакаат бидејќи дојдов од Србија со цел да бидам број еден

Најдобриот тенисер на светот, освојувачот на 24 грен-слем титули, Новак Ѓоковиќ во интервју на емисијата „(Не)успех првака“ предводена од легендарниот Славен Билиќ говореше на разни теми.

Една од нив беше и третманот кој го добива во текот на целата кариера. Србинот смета дека тоа е поради тоа од каде доаѓа и поради тоа што им се спротивставува на „западњаците“ со една единствена цела – да биде број еден.

„Тие двајца веќе имаа развиено ривалство бидејќи Надал се проби пред мене. Тие доаѓаат од Швајцарија и Шпанија, западните сили. Колку и да сакаме да гледаме дека овој тенис е демократски, пацифистички, сепак постои расизам и се поставуваат одредени граници. Не мислам да кажам расизам на себе, генерално ја гледам пошироката слика, политиката и општеството што се случува по целиот свет.

Постојат оперделувања и припадност. Јас не припаѓав во тоа и по националноста и по други работи. Карактерно ја бев мал кој дојде и им реков ќе бидам број еден. Тоа не им се допадна, не сакаа ни воопшто да бидам тука, што ги предизвикувам овие двајца (Рафаел Надал и Роџер Федерер)“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...