Ѓоковиќ: Ја почитувам традицијата на Вимблдон, но…

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон победувајќи го Хуберт Хуркач со 3-1. Двајцата одиграа два сета во неделата навечер и два во понеделник попладне.

Тој беше прашан од новинарите за програмата на Вимблдон и за тоа што не може да се играат натпревари по полноќ, иако сега има услови за тоа.

„Мислам дека „полицискиот час“ е тежок за поместување, го разбирам тоа, но мислам дека натпреварите можат да почнат барем во 12 часот (наспроти сега 13.30). Мислам дека тоа би направило голема разлика. Кога ќе помине 20 часот, знаете дека има големи шанси да не го завршите натпреварот. Беше против Вавринка и против Хуркач, двата меча почнаа по осум и пол вечерта. И за двата меча се загревав околу еден попладне. Па тогаш, дали да се вратам дома, дали да останам. Во неделата решив да останам и затоа чекав седум часа да започне мојот натпревар, што е многу“, изјави Ѓоковиќ. 

Се вчитува...