Ѓоковиќ ја потврди разделбата со своите долгогодишни соработници

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ потврди дека Едоардо Арталди и Елена Капеларо повеќе не се членови на неговиот тим.

Веста која одекна за време на УС Опен дека тој се разделува со своите блики соработници кои беа и негови агенти сега доби и официјална потврда.

Новак по победата над Томаш Мартин Ечевери во Париз изјави дека е време да се збогува.

„Остануваме пријатели, но професионално решивме да тргнеме по својот пат. Влегувам во ново поглавје надвор од теренот. Транзицијата не е лесна, но одам напред“, рече Ѓоковиќ.

Едоардо и Елена беа агенти на Новак, кои со српскиот ас ја славеа секоја гранд-слем победа, освен онаа во 2008 година во Австралија.

Се вчитува...