Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ од денеска е вториот светски играч, откако Русинот Данил Меведев и официјално го зазеде првото место на АТП.
За ваквиот исход Ѓоковиќ најмногу го чинеше забраната за настап на Австралија опен, а потоа беше елиминиран во четвртфиналето на турнирот од серијата 500 во Дубаи. Од друга страна, Медведев стигна до полуфиналето во Акапулко, каде беше поразен од Рафаел Надал, но и тоа беше доволно за да го престигне Новак на првото место.
Во овој момент на првото место е Данил Медведев со 8615 поени, а го следи Новак Ѓоковиќ со 8465 поени. Сепак, промената на чело на АТП листата ќе се случи на 14 март, кога српскиот тенисер ќе се врати на претходниот статус што го имаше од 3 февруари 2020 година до денес, а тоа беа неверојатни 756 дена на лидерската позиција.
На третото место е Александар Зверев со 7515 бодови, додека Рафаел Надал се проби на четвртото со 6515 бодови по победата во Акапулко. Меѓу првите 10 се и Циципас, Беретини, Руд, Огер-Алиасим и Хамберт Хуркач, кои напредуваа за една позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА