Ѓоковиќ: Ја сакам публиката дури и кога таа не навива за мене!

Новак Ѓоковиќ вели дека е задоволен од моменталната форма и дека е среќен заради присуството на публиката, како и дека треба да игра поинаку на земја отколку на другите подлоги. На првиот дуел на годинашниот Ролан Гарос, Новак играше со Сандгрен пред празни трибини, а против Куевас играше пред публика на стадионот Сузан Ленглен.

Србинот истакна дека присуството на публика е негова голема мотивација, без оглед дали навива за него или не.

„Многу е подобро да се игра со публиката отколку без неа. Се надевам дека ќе можеме да играме пред уште повеќе луѓе, ако стигнам до крајот на турнирот. Има голема разлика, особено на големиот стадион, и ми се допаѓа енергијата и охрабрувањето на публиката, дури и кога тие не се на моја страна, тоа ме мотивира“, вели Ѓоковиќ.

Уругваецот воопшто не играше лошо, но на крајот зеде само девет гема и загуби со 3-0 во сетови.

„Сакам да му оставам впечаток на ривалот и да почувствувам дека противникот мора да игра повеќе од максимумот за да ме добие. Се чувствувам добро, самоуверено. Турнирот штотуку започна, но формата е забележително одлична, и тоа ми одговара. Тоа е она што го сакав и за што се подготвував. Веќе со месеци велам дека Гарос беше најважниот турнир за мене по Австралија, и дека сè пред Париз беше подготовка. Знам што е следно, сега работиме само на деталите за тренингот, истовремено зачувувајќи ја енергијата и насочувајќи ја кон натпреварите, што ќе биде се потешко“, заклучи Србинот.

Се вчитува...