Ѓоковиќ: Сè додека победувам, и да се лизгам и да паѓам не е лошо

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ вели дека има повеќе причини за неговото често лизгање на трева во првите две кола на Вимблдон. Ноле вчера го победи Кевин Андерсон во второто коло со 3-0 (6-3,6-3,6-3).

Ноле изјави дека нема замерка за тревникот на Вимблдон, па нагласи дека неговиот прв чекор можеби е премногу динамичен и тоа е главната причина за неговото често лизгање.

„Според статистиката, јас сум еден од најбрзите играчи на турнирот. Таа брзина понекогаш е контрапродуктивна. Првиот чекор е понекогаш премногу динамичен. Мислам дека не е проблем со терените, ова се најдобрите тревни терени во светот. Влијанието на влажноста можеби е причина, врнеше дожд три дена. Факт е дека веќе две години не играм на трева, тоа веројатно има влијание. Секако, не сакам да паднам, бидејќи тоа е ризик секогаш. Досега, сè е добро – сè додека паѓам и победувам, не е лошо“, рече Новак низ смеа.

Се вчитува...