Ѓоковиќ како брз воз прегази уште еден ривал на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ во импресивен стил го одигра и вториот меч на Ролан Гарос, лесно славејќи над Ричардас Беранкис од Литванија со максимални 3-0 во сетови (6-1, 6-2, 6-2). Првиот носител мина само 83 минути на теренот, целосно доминираше во однос на ривалот и рутински стигна до третата рунда. За Ѓоковиќ ова беше јубилејна 70. победа во Париз, триумф број 33 во 34. меч годинава, а со оглед на игрите што ги прикажува, Србинот делува подготвено да го предизвика Рафаел Надал на неговиот омилен гранслем турнир.

Следен ривал на српскиот тенисер ќе биде подобриот од дуелот Сандгрен – Риверос. На останатите мечеви од машкиот дел од турнирот, Шаповалов беше елимининиран по поразот од 2-3 во сетови од Шпанецот Баена, додека Григор Димитров стигна до третото коло со убедлива победа од 6-4, 7-6, 6-1 над Словакот Мартин.

На женскиот дел од турнирот, Петра Квитова славеше со 6-3, 6-3 над Паолини од Италија, Шпанката Бадоза ја елиминираше Слоун Стивенс од САД, додека Сабаленка ја совлада Касаткина со 7-6, 6-0.

Се вчитува...