Ѓоковиќ како фурија, Халеп ја стивна сензацијата Гоф

Без тронка неизвеснот, бранителот на титулата, Новак Ѓоковиќ експресно се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон. Со 3-0 во сетови забележа осминафинална победа над Уго Умбер. Во следната рунда тенисерот број еден во светот ќе се сретне со Давид Гофан кој забележа победа од 3-1 во сетови над Фернандо Вердаско. Ѓоковиќ за 11 четвртфинале на Вимблдон изгуби само осум гема во трите сета против Умбер.

Во четвртиналето на машкиот дел на турнирот пласман обезбедија и Баутиста-Агут и Сем Квери. До крајот на денот осминафинална пресметка има и Роџер Федерер.

На женскиот дел на турнирот, Симона Халеп беше пресилна за тинејџерската сензација Коко Гоф, а домашната фаворитка Јоана Конта ја елиминираше Петра Квитова, а подвиг направи Чехинката Каролина Мучова со елиминацијата на третата турнирска носителка Каролина Плишкова. Ја победи во драматичен меч во три сета добивајќи го маратонот во третиот сет со 13-11.

Се вчитува...