Ѓоковиќ: Камбекот од 0-2 нека биде порака за противниците

Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на УС Опен откако триумфираше против сонародникот Ласло Џере во натпревар во кој имаше негатива од 0-2, но успеа да направи целосен пресврт за победа од 3-2.

По мечот еден од најдобрите тенисери на сите времиња имаше пофални зборови за помладиот Србин, а и порака за противниците.

„Ќе кажам дека ова беа два различни натпревари – првите два сета, а потоа последните три. Резултатот во третиот и четвртиот гем не беа веродостојни на тоа што се случуваше на теренот бидејќи сметам дека беше поизедначено од 6-1 и 6-1. Мислам дека Ласло одигра феноменално. Никогаш претходно го немам видено да игра на ова ниво.

Искрено, јас морав и требаше да играм многу подобро и на поголемо ниво во првите два сета, но морам и да му честитам за тоа што ме исфрли од мојата зона на комфорт. На мрежата му кажав дека мора да продолжи да игра на овој начин бидејќи доколку го направи истото значајно ќе напредне на ранг листата. Тој е одлично момче, голем работник и овој пат покажа дека заслужува да биде многу подобро рангиран отколку што е во моментот“, вели Ѓоковиќ кој потоа се осврна и кон значањето на победата.

„Пораката која другите конкуренти треба да ја извлечат од ова е дека и понатаму сум способен да играм мечеви во пет сетови и тоа длабоко во ноќта. Враќањето од 0-2 им дава силна порака на противниците“, додаде српскиот тенисер.

Се вчитува...