„Ѓоковиќ ќе игра и на Летните олимписки игри во Лос Анџелес во 2028 година“

Доминацијата на Новак Ѓоковиќ во светот на тенисот продолжи и на УС Опен каде српскиот тениски ас ја освои рекордната 24. грен-слем титула славејќи во големото финале против рускиот тенисер Данил Медведев со 3-0.

По натпреварот за медиумите говореше и тренерот на Србинот, Горан Иванишевиќ кој вели Ѓоковиќ е гение, роден победник, а го откри и неговиот план за настап на ЛОИ во Лос Анџелес во 2028 година.

„Да не сум постојано покрај него ќе бев изненаден, но вака не сум воопшто. Знам колку е мотивиран, постојано бара нови предизвици. Тоа некогаш не е добро за нас во тимот, меѓутоа поради тоа бележи врвни резултати. Тој е гение, роден победник и тоа не може да се добие, тоа е нешто со што се раѓаш. И не планира да застане ниту со 36 години. Неговиот план е да игра и на Летните олимписки игри во Лос Анџелес во 2028 година“, вели хрватскиот тренер.

Се вчитува...