Канцеларијата за управување со буџетот на САД наведе дека мерките за борба за сузбивање на коронавирусот повторно ќе бидат продолжени до 11 мај, а потоа укинати, што значи дека најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ би можел да настапи на УС Опен.
Доколку мерките бидат укинати, тогаш во САД ќе може да се влезе без никакви ограничувања и вакцинирани и невакцинирани лица, што беше главна пречка за Новак да настапи во Њујорк минатото лето.
УС Опен ќе почне 28. август, и ќе трае до 10 септември. Поради строгите мерки кои важат за САД, странците кои не се вакцинирани не можат да влезат во земјата, па Ѓоковиќ поради тоа мораше ќе ги пропушти Мастерсите во Мајами и Индијан Велс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА