Ѓоковиќ: Ќе се пензионирам за 22, 23 години

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ ја продолжи доминацијата во „белиот спорт“ освојувајќи ја рекордната 24. грен-слем титула откако во финалето на УС Опен славеше против рускиот тенисер Данил Медведев со 3-0 во меч кој траеше нешто повеќе од три часа.

Ѓоковиќ на пресконференцијата за медиуми беше запрашан да ги спореди две ери – онаа пред и по пензионирањето на големите Рафа Надал и Роџер Федерер.

„Ривалството со Надал и Федерер беше огромно. Знаев дека голема е шансата да се сретнам во финалето со нив или со Енди Мари сите тие години. Сега е различно и не размислувам против кого ќе играм се додека победувам. Играв три меча со Алкараз и сега вие пишувате дека тоа е новото големо ривалство. За него имам само добри зборови и тоа навистина го мислам. Покрај него тука се и Руне, Синер, Медведев, Циципас и тоа сите тие се врвни играчи. Интересот е постојано тука и тоа е добро за тенисот. Судбината е таа. Ќе се пензионирам за едно 22, 23 години па ќе ме гледате уште малку“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...