Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ поради повреда мораше да го предаде полуфиналниот меч на Австралија Опен против Алекснадар Зверев. Овој потег наиде на големо незадоволство кај навивачите на трибините, како и кај љубителите на тенисот кои го прозваа за лажирање на повреди.
Поради тоа Србинот објави фотоградија од магнетната резонанца на социјалните мрежи. Овој потег сега го коментираше.
„Бев исповоциран со фактот дека веќе неколку пати бев повреден во Австралија, 2021 и 2023 година. Не можам да кажам дека сите, но чувствував дека доста голема група на луѓе мислат ека тоа не е вистина и дека тоа е некоја провокација или пак стратешка ментална игра со противниците.
Немаше да реагирав доколку не реагираа некои легенди на нашиот спорт. Мислам дека тоа ескалира до мера да луѓето имаат дилема, дека едноставно го носат мојот интегритет и веродостојност до знак прашање. Затоа ја покажав снимката. Никогаш претходно не сум го направил тоа, тоа беше кулминација на што хронолошки што се случи претходно. Така да, тоа не е само оваа година, туку и во 2021, 2023 и сега. Едноставно се заситив од коментарите. Ви велам, кога луѓето кои се многу важни за нашиот спорт го велат тоа што го рекоа, морав да реагирам“, изјави Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА