Ѓоковиќ лесно до четвртфинале на Ролан Гарос

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во четвртфиналето на гранслем турнирот Ролан Гарос. Тој во осминафиналната пресметка со 3-0 во сетови го совлада Русинот Карен Качанов. Најдобриот светски рекет следниот ривал ќе го добие по дуелот меѓу Пабло Карено – Буста и Даниел Алтмајер.

Ѓоковиќ имаше константност во играта и првиот сет го доби со 6-4 во гемови. Качанов немаше одговор ниту во вториот кој го загуби со 6-3, а идентичен беше на крајот резултат и во третиот сет.

Кај дамите, Квитова беше подобра од Жанг и славеше со 2-0 во сетови.

 

Се вчитува...