Ѓоковиќ лесно преку Џумхур до 2. коло на УС Опен, елиминиран Иснер

Србинот Новак Ѓоковиќ победнички го стартуваше настапот на УС Опен триумфирајќи во првото коло убедливо во три сета против Дамир Џумхур од БиХ.

Ѓоковиќ победи со 6-1,6-4,6-1, па во второто коло ќе игра против Едмунд кој на стартот беше подобар од Бублик со 3-1 во сетови.

Елиминација доживеа 22. носител, Џон Иснер кој дури во пет сета загуби од сонародникот Стив Џонсон.

Се вчитува...