Ѓоковиќ лесно преку Фриц до полуфинале во Синсинати

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ продолжува со одличните партии на АТП мастерс 1000 турнирот во Синсинати.

Србинот без поголеми проблеми се пласираше во полуфиналето на турнирот кој досега двапати го освојуваше во кариерата откако во синоќешното четвртфинале славеше против домашниот тенисер, Тејлор Фриц со максимални 2-0, по сетови 6-0 и 6-4.

Во полуфиналето за противник Ѓоковиќ ќе го има Александар Зверев. Во второто полуфинале ќе се сретнат првиот светски рекет Карлос Алкараз и Полјакот, Хуберт Хуркач.

Се вчитува...