Ѓоковиќ лесно преку Шарди за четвртфинале во Мадрид

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Мадрид откако во осминафиналната пресметка славеше против Французинот Жереми Шарди.

Ѓоковиќ успеа да слави во два сета, добивајќи го супериорно првиот сет со 6-1 а во вториот сет преку тај-брејк, славејќи со 7-6 (2).

За Србинот ова беше 13-та победа против Шарди во исто толку меѓусебни дуели. Интересно Французинот досега не успеал да освои ниту еден сет во играта против Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...