Ѓоковиќ лесно преку Соуса, следен е Шварцман

Новак Ѓоковиќ рутински си ја одработе задачата и во второто коло од Ролан Гарос, лесно совладувајќи го Португалецот Жоао Соуса со 3-0 во сетови. Ова е 12. издание на Ролан Гарос во низа во кое Ѓоковиќ стигнува до третото коло, како најава за уште подобри денови за српскиот тенисер, кој игра крајно променливо кон крајот на ланската и почетокот на оваа година.

Новак го доби првиот сет со убедливи 6-1, за потоа Соуса (59. на последната АТП-листа) да изненади со ран брејк во вториот сет. Ѓоковиќ експресно возврати, па потоа и го доби вториот сет со 6-4, за потоа бранителот на трофејот на Ролан Гарос да слави и во третиот сет, со 6-3. Негов следен противник ќе биде Аргентинецот Шварцман, кој денеска славеше над Италијанецот Наполитано со 3-0 во сетови.

Виктор Троицки е елиминиран од овој гранслем турнир по поразот во три тајбрејка (6-7, 6-7, 6-7) од Грузиецот Басилашвили, пораз денеска претрпе и Иво Карловиќ со 0-3 во сетови од Аргентинецот Зебалос, додека учеството на Ролан Гарос го продолжи Григор Димитров, по победата од 6-3, 6-4, 7-5 над Томи Робредо.

Се вчитува...