Ѓоковиќ маршира низ Шангај

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на тенискиот мастерс во Шангај откако во осминафиналниот дуел во два сета (6-4, 6-0) комплетно го декласираше Марко Чекинато.

Италијанецот само во првиот сет беше на висина на задачата и одржуваше ниво за неизвесност во пресметката, но во вториот сет, Ѓоковиќ беше апсолутно доминантен и го доби без загубен гем со што му се одмазди на Чекинато за поразот на Ролан Гарос.

Во четвртфиналето, Ѓоковиќ ќе игра против Кевин Адерсон која забележа осминафинална победа од 2-0 во сетови над Стефанос Циципас.

Српскиот тенисер е во обид да ја освои четвртата титула на турнирот во Шангај и да запише значајни бодови во трката за првото место на АТП листата.

Се вчитува...