Ѓоковиќ: Ми недостасува одлучност

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ изјави дека е свесен за своите недостатоци на земја, по поразот од Данил Медведев во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло.

„Очигледно е дека ми недостасува одлучност во некои удари. Тој беше многу стрплив, играше тактички тенис. Ја пронајдов играта на крајот на вториот сет, но сето тоа беше прекратно. Данил беше подобар и заслужено се пласираше во полуфиналето“, изјави Ѓоковиќ. 

Како што најави самиот во текот на сезоната, главна цел на Србинот се Грандслем турнирите. Следниот предизвик ќе го има на Мастерсот во Мадрид кој почнува на 5. мај.

Се вчитува...