Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, е подготвена за својот историски дебитантски настап на престижниот Вимблдон. Македонската спортска јавност со големо внимание го очекува нејзиниот прв натпревар кој е закажан за вторник.
Ѓорческа ќе ги одмери силите против Аманда Анисимова, која во моментов се наоѓа на шестата позиција на ВТА листата и влегува во овој дуел како апсолутен фаворит за победа. Мечот на нашата тенисерка е избран за еден од двата кои свечено ќе ја отворат програмата на овој натпреварувачки ден во Лондон. Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, уште еднаш ја покажа својата силна поддршка за спортистите од регионот.
Тој директно од Вимблдон испрати порака со охрабрување за Лина во изјава за „Макфакс“. Српскиот ас истакна дека е добро запознаен со нејзината работа и дека будно ги следи нејзините настапи, посакувајќи и среќа и успех во претстојниот голем предизвик, што сигурно ќе биде дополнителен мотив за македонската тенисерка.
„Да, го испратив нејзиниот настап од пред два дена кога се квалификуваше. Големи честитки за неа и за македонскиот тенис, како што рековте ја испиша својата историја на овој Вимблдон. Се надевам дека ќе може да им ги отвори вратите на младите и ќе им покаже на куѓето од Македонија, кои имаат желба да успеат, дека се е можно“
Целото интервју можете да го прочитате на следниот линк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
