Очекувано видно разочаран Новак Ѓоковиќ зборуваше на прес-конференцијата по поразот од Јаник Синер во полуфиналето на Австралија Опен, што е за него прв пораз по цели шест години во Мелбурн.
Разочаран, како што вели, не од поразот колку од начинот на игра во полуфиналето…
„Мора да му честитам најпрво на Јаник на одличниот меч и турнир. Заслужи да биде во финале, беше подобар сега, бев надигран во потполност и треба да се пружи рака. Но, искрено шокиран сум од нивото на мојата игра. Секако, во негативна смисла. Малку што направив како што треба, посебно во првите два сета. Ова е еден од најлошите мои мечеви на гренд-слем турнир во кариерата“ – истакна Ѓоковиќ и дополни:
„Генерално, нивото на игра мое не беше добро во текот на целиот турнир. Се обидов и денеска во третиот сет да го подигнам нивото, но јасно е дека тоа беше далеку од мојата игра. Едноставно катастрофална игра која мораше да резултира со пораз“.
СЕ ОБВРЗАВ ДЕКА ЌЕ ЈА ИГРАМ СЕЗОНАТА ДО КРАЈ…!
А, за играта на Новак, доволно кажува и податокот дека ова е прв негов меќ на Гренд-слем каде не успеал да дојде до ниту една брејк топка.
„И тоа доволно зборува за тоа како одиграв. Тој сервираше прецизно, а јас тешко може да ги опишам сите негативни работи – лош ритерн, лошо движење, лош бекхенд. Се под просек. А, неговиот сервис одличен. Честитки навистина за Синер, одигра без мана“.
Што се однесува за продолжението на сезоната…
„Не знам како нештата ќе се одвиваат понатака, кога човек ќе излезе од терен по пораз секогаш главата е врела. Се трудиш да бидеш рационален, но има тука многу нерационални работи. Не знам на кои турнири ќе играм, но јас самиот себе се обврзав дека ќе ја играм сезоната до крај, и дека ќе играм на најголемите турнири. Не знам дали ќе се промени нешто околу тоа, се е можно во оваа фаза, а промената на одлуките е поверојатна отколку пред 20 години. Секако јас имам надеж за останатите слемови во годината, Олимписките игри и другите турнири. Тоа е се пред мене… Носам чудно чувство сега, бидејќи никогаш не сум загубил полуфинале на гренд-слем, па ајде да видим“ – рече Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА