Ѓоковиќ: Мојот најголем проблем е отсуството на публиката, годинава ќе играм на сите турнири

На воведната прес-конференција пред почетокот на АТП-купот (2-6 февруари), најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ се надева дека Олимписките игри ќе се одржат во Токио и планира да замине во Јапонија.

Веројатно и оваа година сите турнири ќе поминат во знакот на ригорозните здравствени мерки за заштита од пандемијата на корона вирусот, но Ноле не се сомнева во добрата и безбедна организација од челниците на Олимписките игри.

„Навистина се надевам дека ќе се одржат Олимписките игри и јас лично планирам да одам во Јапонија. Таму ќе има многу луѓе, тоа ќе биде повеќе од тениски турнир. Не е на мене да зборувам за тоа што треба да се направи и како ќе се направи, верувам во врвна организација. Се надевам дека ќе имам можност да учествувам на еден ваков спортски спектакл, бидејќи тоа е најстарата и најтрадиционална спортска манифестација во историјата“, изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ освои бронзен медал во Пекинг во 2008 година, четири години подоцна во Лондон беше елиминиран во полуфиналето од Енди Мареј и заврши на четвртото место по поразот од Дел Потро. Новак истакна дека во претходните десет месеци најмногу му недостасувала публиката на трибините.

„После 15 години кариера, тоа е еден од најголемите двигатели што ги имам – да играм пред публика, да се хранам со таа енергија, да разменувам страст. Не е лесно да се игра кога нема луѓе на трибините, многу е чудно. Секако, подобро е да се имаат натпревари отколку да нема, но е чудно “, заклучи Ѓоковиќ.

Се вчитува...