Ѓоковиќ му дозволи еден сет на Хачанов, па потоа го „потопи“ за ново полуфинале на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ ќе го игра и своето 12-то полуфинале на Ролан Гарос откако во одличен меч во четвртфиналето славеше против Русинот Карен Хачанов.

Хачанов го доби првиот сет со 4-6, со што само го налути српскиот тенисер кој потоа целосно доминираше на мечот.

Веќе следниот сет Ѓоковиќ го доби во тај-брејк со 7-6, притоа во тајбрејкот со 7-0, а потоа славеше со 6-2 и 6-4.

Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе се соочи со подобриот од пресметката меѓу Алкараз и Циципас.

Се вчитува...