Ѓоковиќ му пружи рака на Бекер во тешките моменти

Во тешките моменти кога се соочи со банкрот и со финансиска криза, прв рака за помош на Борис Бекер му пружил неговиот поранешен штитеник, Новак Ѓоковиќ. Веднаш кога дознал за банкротот на Бекер, српскиот тенисер му понудил финансиска помош на својот поранешен тренер.

Судот во Лондон го прогласи банкротот на Борис Бекер откако тениската легенда не успеал да го врати долгот од 6 милиони евра кон една приватна банка. Веста за финансискиот крах на тројниот шампион на Вимблдон брзо го обиколи светот, а според тврдење на германските медиуми, прв помош му понудил Новак Ѓоковиќ на кого Бекер до неодамна му беше тренер.

„Штом го слушнав тоа, го контактирав. Му реков дека ќе му помогнам кога и да му треба и дека на мене може да смета во секое време“ – потврди Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...