Ѓоковиќ на колена пред Рафа Надал во Рим

Рафаел Надал покажа зошто важи за „крал на земјената подлога“ откако се закити со трофејот на Мастерс-турнирот во Рим, по голема битка триумфирајќи над Новак Ѓоковиќ со 2-1 во сетови. За Надал ова е десетти пехар во „вечниот град“, со што Шпанецот е убедливо најтрофеен тенисер во историјата на овој турнир.

Ѓоковиќ подобро го почна мечот, го отвори првиот сет со водство од 2-0, но Надал веднаш направи рибрејк и се врати во финалето. Се играше израмнето се до самиот крај на сетот, кога Надал усеа да врза два гејма во низа и да поведе со 7-5. Новак не се предаде, презеде целосна контрола во вториот сет и триумфираше со убедливи 6-1, но шпанскиот ас веднаш стави до знаење дека во третиот сет ќе влезе далеку пофокусирано.

Решавачкиот сет беше израмнет до 2-2, потоа Надал направи брејк и знаеше како да ја сочува предноста до самиот крај, за 19. победа на земјена подлога над големиот ривал, вкупно 28. во дуелите со Ѓоковиќ (Србинот има 29).

Се вчитува...