Ѓоковиќ: На многумина сум им „трн во око“, но тука е „малиот од Србија“ да се вмеша

Новак Ѓоковиќ по победата над Камерон Нури во третото коло на завршниот турнир во Торино, говореше околу темите кои го потресоа „белиот спорт“.

Тој на прашањето за односот меѓу АТП и ПТПА организацијата која ја води заедно со Вашек Поспишил велејќи дека тенисот е единствен спорт во светот во кој само околу 150 луѓе може да живеат убаво од него.

„Знам кој сум и што сум и што е праведно. Одвај 150 играчи живеат од тенисот во машка и женска конкуренција. Кажете ми било кој друг спорт во кој е ист случај. Токму за тие девојки и момци ние се бориме. Тие се трудат, но не ги слушаат. Елитата ќе се дига, додека тие се борат. Затоа тука е „малиот од Србија“ да се вмеша и да им покаже како треба“, изјави Ѓоковиќ. 

Се вчитува...