Ѓоковиќ: Надал е фаворит на Ролан Гарос, но јас можам да го освојам

Поранешниот прв светски рекет, Новак Ѓоковиќ, се надева дека одново може да се врати во победнички ритам и тоа токму претстојниот Ролан Гарос. Иако истакнува дека за парискиот турнир и годинава прв фаворит е неприкосновениот Рафаел Надал, Србинот вели дека тој и покрај лоѓите резултати, може одново да го освои парискиот турнир.

По ланскиот настап на Ролан Гарос почна кризата и падот на Новак Ѓоковиќ, кој влезе во серија на лоши резултати и го загуби првото место на АТП листата. Последниот меѓусебен дуел на српскиот и на шпанскиот тенисер, за нив јубилеен 50-ти, беше минатата недела на турнирот во Мадрид. Надал го победи Ѓоковиќ и поведе во нивните меѓусебни дуели со 26-24.

„Би рекол дека Надал е фаворит на Ролан Гарос. Има многу добро резултати оваа сезона, не само на земја, туку и на брзите подлоги. Без разлика дали е во добра или во лоша форма, Рафа е фаорит на секој турнир на кој што игра. Посебно за земјен терен на кој се чувствува најпријатно. Тој секогаш е фаворот на Ролан Гарос, но јас чувствувам дека можам да го освојам турнирот“ – вели Новак Ѓоковиќ.

Гранслем турнирот Ролан Гарос ќе се одржи од 28 мај до 11 јуни. Новак Ѓоковиќ ќе ја брани титулата што ја освои лани на парискиот турнир прв пат во кариерата.

Се вчитува...