„Ѓоковиќ, Надал и Федерер имаа ментални проблеми“

Аргентинскиот тенисер Леонадро Мајер излезе со интересен став околу менталното здравје на тенисерите, особено тие што се наоѓаат во самиот врв.

Тој смета дека сите имаат големи проблеми, дури и најдобрите на сите времиња, Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

„Многу тенисери имаат проблем со менталното здравје, но голем дел од нив не ни говорат за тоа. Многу пати тенисерите мора да бидат машини, но не е тоа лесно. Истото е и со Надал, Федерер и Ѓоковиќ. Секоја година се во вртлог и се чувствуваат лошо, но некако успеваат да се извлечат од тоа“, изјави Мајер. 

Се вчитува...