Ѓоковиќ најави пензија!? „Можеби го одиграв последниот натпревар на Ролан Гарос“

Новак Ѓоковиќ претрпе елиминација во полуфиналето на мастерсот во Франција против Јаник Синер по што изјави дека можеби го одигра и последниот меч на Ролан Гарос.

Српскиот тенисер не знае што носи новиот ден, но не ја исклучува можноста ова да му е последната сезона во богатата кариера.

„Можеби ова е мојот последен меч тука. Не знам. Затоа сум многу емотивен. Ако ова ми беше последниот меч на Ролан Гарос, беше неверојатно кога е во прашање атмосферата. Не чувствувам долго дека ова можеби е мојот последен меч. Едноставно не знам што носи утрото. Ќе продолжам да продолжувам, така да се изразам. Следи Вимблдон, мојот омилен турир од детството. Ќе направам се што е можно да се подготвам“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...