Ѓоковиќ најави спектакл во Белград – Се чека голема прослава за историскиот успех на најдобриот тенисер во светот (ВИДЕО)

Успехот е од историско значење и затоа треба да се слави. Бројни фанови на Ноле се излезени низ улиците на Белград и го прославуваат успехот на светскиот рекет број 1.

Најдобриот српски тенисер на сите времиња и светски рекет број еден го сруши рекордот по бројот на недели поминати на врвот на табелата на АТП. Ноле направи голем чекор задржувајќи се на врвот 311 недели, оставајќи го зад себе Роџер Федерер, кој мина 310 недели на врвот.

Честитки пристигнуваат од целиот свет, во Белград се појави мозаик од тениски топки со лицето на Ѓоковиќ. Семејството Ѓоковиќ одлучи прославата да ја организира во ресторанот на Новак во Нов Белград, каде ќе го одбележи рекордниот и историски успех со членовите на семејството и познати јавни личности. Како и по повод на претходните успеси на Новак, над целата зграда на ресторанот сега ќе биде поставен голем билборд.

Пред ресторанот се слуша музика, а меѓу првите пристигна помладиот брат на српскиот ас, Џорџе Ѓоковиќ, како и кикбоксерот Ненад Пагонис. Исто така, најдобрите потези на Новак во досегашната кариера ќе бидат прикажани на фасадата на зградата на Градското собрание на Белград од 19 до 22 часот.

Се вчитува...