Ѓоковиќ: Направив се што можев, тој покажа дека е голем играч

Новак Ѓоковиќ не го криеше разочарувањето откако српскиот ас беше запрен во третото коло од Ролан Гарос, губејќи од Жоао Фонсека со 2-3 во меч во кој Новак имаше водство од 2-0, но не усппеа да стигне до победата.

„Одиграв три меча, а се чувствувам како да ги играв сите турнири на земја изминатите месеци. Бев повреден три месеци, чувствував дека сепак играм добро овде, но како и секогаш кога играм на земјена подлога ми треба време да го најдам својот ритам. Со оглед на околностите, мислам дека играв добар тенис, секако дека сум разочаран за поразот бидејќи бев толку блиску до победата“, истакна Ѓоковиќ.

Тој упати низа комплименти на адреса на 19-годишниот Фонсека, на кого со право се гледа како на нова ѕвезда на „белиот спорт“.

„Јас навистина сторив се што можев, секако дека некој ќе каже дека сум можел да одиграм вака или така во одреден момент, но реалноста е поинаква – Фонсека одигра маестрално кога беше најважно, носеше вистински одлуки и тоа му ја донесее победата. Му честитав од срце, му реков дека треба да биде горд на себе и му посакав среќа до крајот на турнирот. Се создава голем „хајп“ околу него, но со она што го покажува јасно става до знаење дека еуфоријата е оправдана. Има сила, талент, бразилскиот народ зад себе… Се надевам дека може да стане „следната голема работа во тенисот“ и да освојува гранслем трофеи“, го пофали Новак денешниот противник.

Се вчитува...