Ѓоковиќ: Не би бил толку добар да не беа Федерер и Надал

Новак Ѓоковиќ ја освои својата шеста титула на Вимблдон, но што е уште поважно – Србинот се израмни со Роџер Федерер и со Рафаел Надал, кои имаат по вкупно 20 гранслем трофеи во својата кариера.

Прворангираниот светски тенисер во победничкиот говор не пропушти да ги спомене и овие две големи „ѕвезди“, кои го мотивираат да го достигне нивото на игра.

„Никој од нас нема намера да застане, тројцата ќе се обидеме што поскоро да дојдеме до тој пехар број 21. Роџер и Рафа се легенди на нашиот спорт, мене ми е чест што сум рамо до рамо со нив. Гарантирам дека не би бил толку добар тенисер да не беа Федерер и Надал, ми помогнаа да разберам како да напредувам, психолошки и тактички. Кога влегов во Топ 10 губев мечеви од нив, но тогаш нешто се промени, почнав неверојатен пат по кој одам и кој нема да застане овде и сега“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...