Ѓоковиќ не е Алкараз, па да се „лизне“ на првата пречка во Париз

Новак Ѓоковиќ потврдид ека се наоѓа во одлична форма пред крајот на оваа календарска година откако српскиот тенисер рутински ја мина првата пречка на Мастер-турнирот во Париз, совладувајќи го Аргентинецот Ечевери со 2-0 во сетови. Помалку од 24 часа од шокантниот пораз на Карлос Алкараз, српскиот ас јасно стави до знаење дека нема да ја повтори грешката на големиот ривал, одигра максимално фокусирано од почеток до крај и заслужено се пласираше во следната рунда.

Дуелот беше израмнет само со 3-3 во првиот сет. Потоа Ѓоковиќ презеде контрола, конечно стигна до брејк и го доби стартниот сет со 6-3. Полн со самодоверба, најдобриот светски тенисер потоа направи брејк на самиот старт од вториот сет, целосно кршејќи го отпорот на противникот и триумфирајќи со конечни 6-3, 6-2.

Следен противник на првиот носител на Мастерс-турнирот во Париз ќе биде холандскиот тенисер Грикспор, кој во претходната рунда го совлада Давидович Фокина со 2-0 во сетови.

Се вчитува...